31.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

Алкарас се понуди да заигра за Реал Мадрид, веднаш стигна реакција од Флорентино Перес

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Карлос Алакарас, беше во посета на тренинг-базата на Реал Мадрид. Тој го следеше последниот меч на Кралскиот клуб и победата од 4:2 над Севилја во првенството.

Алкарас беше во друштво на легендата на Реал Мадрид, Роберто Карлос, кој го одведе тенисерот да се запознае со сите фудбалери на европслиот и шпански првак. Алкарас дури се пофалил дека е одлично подготвен и се понудил да заигра за Реал, и тоа на позицијата „лево крило“. Претседателот на клубот, Флорентино Перес, со насмевка само кратко му одговорил „многу добро“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Real Madrid C.F. (@realmadrid)

Алкарас од Перес на подарок доби дрес од Реал со бројот 1 и неговото име на грбот.

„Ова беше неверојатно искуство кое нема да го заборавам. Беше убаво да се поздравам со фудбалерите“, рече 21-годишниот Алкарас, кој моментално е на третото место на светската АТП-листа.

- Оглас -

Најнови вести