28.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Алкарас си се почести за првото место на АТП-листата, шокира со имиџот (Фото)

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас импресионира со играта на Отвореното првенство на САД, го освои шестиот гранслем-трофеј во кариерата, а сега привлече внимание со изненадувачка промена во својот изглед.

Карлитос прво изненади кога во Њујорк се појави со кратка фризура, а сега реши да додаде уште едно изненадување – ја обои косата во светла боја и стана русокос.

Неговиот бербер Виктор напиша на „Инстаграм“: „Повторно #1 и со нов изглед. Карлос, ние сме луди“.

 

- Оглас -

Најнови вести