Карлос Алкарас без многу проблеми со 3:0 во сетови го победи Себастијан Кодра од САД и се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос. Иако резултатот покажува убедлива победа од 3:0, сепак шпанскиот тенисер речиси три часа требаше да помине на теренот за да го скрши отпорот на 28-миот тенисер во светот според АТП листата.
Во првиот сет двајцата тенисери ги загубија првите сервиси, а потоа Кодра кога требаше да поведе со 5:4, го загуби својот сервис и првиот сет го загуби со 4:6.
По еден брејк на двете страни имаше во вториот сет, па при 6:6, мораше да решава тајбрејкот. во таква ситуација, поквалитетниот играч беше посмирен и го доби со 7:5. Откако ја пропушти можноста да израмни на 1:1 во сетови, Кодра како да се предаде во третиот сет. Откако загуби еден свој сервис, Алкарас стигна до 4:1 и јасно беше кој ќе го добие сетот. Алкарас се радуваше со 6:3 и на тој начин потврди дека е подготвен за големи потфати.