Алкарас: Сите тројца што останаа може да го победат Ѓоковиќ!

Карлос Алкарас, кој беше втор носител на Отвореното првенство на Австралија во тенис и се надеваше на свое прво финале во Мелбурн, денеска беше совладан од Александар Зверев со 1-3 во сетови и сега му останува да навива против првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, кого нема да може да го престигне на АТП-листата најмалку уште два месеца.

„Мислам дека сите тројца коишто останаа може да го победат Новак. Сега Ѓоковиќ ќе игра со Синер, кој уште нема загубено сет, Италијанецот има капацитет, но ќе видиме, ќе биде тешко“, рече Алкарас.

Sport Life ги објави квотите за полуфиналињата и фаворити за пласман во финале се Ѓоковиќ и Данил Медведев.

- Оглас -

Најнови вести