Карлос Алкарас со лесен триумф во првото коло го започна настапот на АТП-турнирот во Пекинг. Шпанецот во 1/16-финалето го победи францускиот тенисер Џовани Мпет Перикар со максимални 2-0 во сетови, откако двата сета ги доби со идентични 6-4.
Противник на Шпанецот во осминафиналето ќе му биде тенисерот од Холандија, Талон Грикспон, кој во првото коло беше подобар од Милош Кечмановиќ.
Во првото коло победи забележаа и Синер, Баутиста, Мусети, Медведев и Сафиулин. На турнирот во Пекинг не настапува Новак Ѓоковиќ, а тоа значи дека Србинот дополнително ќе падне на АТП ранг-листата и ќе го загрози пласманот во топ-8 тенисери кои ќе играат на завршниот мастерс во Торино.