Алкарас со порака : Не се шегувам!

Карлос Алкарас без никакви проблеми се пласира во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Индијан Велс откако без проблеми го победи Фабијан Марешан од Унгарија за помалку од еден и пол час игра. Шпанецот признава дека бил нервозен пред мечот затоа што веќе има еден пораз од Марешан, но овојпат лесно стигна до триумф.

„Бев нервозен пред мечот со Марошан затоа што не е лесно да се игра против некој кој веќе ве има победено. Се сеќавам на тој меч на кој едноставно немав шанси. Затоа сум посебно среќен на оваа победа. Почнав одлично, го наметнам мојот стил на игра“, вели Алкарас, за кого ова беше јубилејна 50-та победа на Мастерс турнирите од серијата 1000 и е само втор играч во историјата на тенисот со вакво постигнување пред да наполи 21 година.

Алкарас откри како би изгледал неговиот совршен меч.

„Би сакал да ги освојам сите поени. Не се шегувам. Да имам што е помалку грешки. Да не губам поени на брејк топки. Да имам висок процент на прв сервис. Тоа би било мојата совршена комбинација“, вели тенисерот кој е актуелен бранител на трофејот во Индијан Велс, а следен ривал ќе му биде Александар Зверев.

- Оглас -

Најнови вести