Алкарас со сет како од ноќен кошмар се пласира во четвртфиналето, победи и Синер

Карлос Алкарас и Јаник Синер се пласираа во четвртфиналето на Вимблдон, откако ги победија Умбер и Шелтон. Шпанецот за разлика од претходно, во осминафиналето ги имаше првите проблеми, откако во третиот сет загуби од Уго Умбер со неверојатни 6-1. Сепак, тоа беше се што можеше да направи французинот на овој меч против големиот фаворит.

Јаник Синер со максимални 3-0 го победи американецот Шелтон, иако во последниот сет имаше проблеми па мораше да се игра тај-брејк, кој му припадна на италијанецот со 11-9.

Алкарас во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Пол и Баутиста, додека Синер за противник ќе го има подобриот од пресметката помеѓу Димитров и Медведев.

- Оглас -

Најнови вести