Алкарас: Целото тело почна да ми откажува

Првиот носител на Ролан Гарос, Карлос Алкарас, настапот на вториот годинешен гранслем турнир го заврши во полуфиналето губејќи со 3-1 во сетови од Новак Ѓоковиќ.

Голем хендикеп за Шпанецот беше повредата на почетокот од третиот сет кога поради медицинскиот тајм-аут загуби еден гем. Здравствените проблеми на Алкарас, на најдобар начин ги искористи Ѓоковиќ кој во двата последни сета му препушти само еден гем на Шпанецот.

„Ми беше многу тешко, се разочарав. Влегов во мечот со физички проблеми, но вакви работи се случуваат и ќе морам да живеам со нив. Ќе чувствував вина ако го предадев мечот. Во третиот сет не размислував, но во четвртиот сфатив дека имам еден процент шанса да се вратам. Продолжив да играм, но во мислите воопшто не ми беше забавно. Никогаш не сум почувствувал вакво нешто. Прво почна да ме боли дел од ногата, а потоа и целата нога. Мислев дека имам шанса, но целото тело почна да ми откажува и тоа беше тоа“, изјави Алкарас.

Тој истакна дека мора да извлече поука од оваа ситуација за да не му се повтори во иднина.

„Мора да се учи од вакви мечеви за да не ми се повтори во иднина. Не сакав да завршам на овој начин, но да се игра против Новак на ова ниво, во полуфиналето на еден гранслем турнир е големо искуство за иднина“, додава Алкарас. .

 

- Оглас -

Најнови вести