Алкарас уште сега му се заканува на Новак за следната сезона

Само што се спушти завесата на тениската сезона за 2023 година, Шпанецот Карлос Алкарас веќе почна да му се заканува на Новак Ѓоковиќ за следната сезона велејќи дека ќе направи сè за да го спречи српскиот тенисер да триумфира на сите четири гранслем-турнири, како и на Олимписките игри во Париз.

„Новак најави дека во следната година ќе оди на освојување на сите четири гренслем-турнири, како и на златото на Олимписките игри. Нормално, ние сме тука за да го спречиме во тоа. Ќе сториме сè за да го спречиме во неговата намера. Што се однесува до мене, првата половина од 2023 година беше добра, но по Вимблдон, работите тргнаа надолу. Мислам дека тоа е нормално за млади тенисери како мене и сигурен сум дека ќе научам од таквите ситуации“, вели Алкарас.

Новак пред неколку дена изјави дека главна цел во 2024 година ќе му биде златниот гранслем.

„Можам да ги освојам сите четири гранслем-турнири и да победам на Олимписките игри во Париз. Амбициите не ми се менуваат, имам одличен тим околу мене, мотивација, желба, а и телото засега одлично ме слуша“, рече Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести