Алкарас веќе не може да молчи: Ова е претерано!

На тениската сцена од денеска во фокус ќе бидат натпреварите на Мастерсот во Монте Карло, каде што секако дека најголеми фаворити за освојување на трофејот се првиот тенисер во светот според АТП-листата, Карлос Алкарас, од една страна и Италијанецот Јаник Синер, кој е во одличен ритам и во претходниот месец освои два вредни трофеја.

Освен за тоа што ќе се случува на теренот, тенисерите сега ќе мора да внимаваат и додека се во соблекувалната затоа што и таму ќе има поставено камери да ги следат буквално сите чекори на спортистите.

„За навивачите тоа би било одлично. Ќе може да видат што се случува зад сцената, да видат како изгледаат тие места. Сепак, за нас тенисерите тоа ќе биде малку чудно затоа што ќе нема веќе каде да се релаксираме. Сега постојано ќе размислуваме каде сè има камери што снимаат и пренесуваат низ целиот свет. Тие камери се толку блиску што дури може да забележат што точно гледаме на нашите телефони. И онака немаме многу приватност, па мислам дека ова е премногу. Треба да имаме простор каде што ќе бидеме сами, а не постојано да бидеме снимани“, револитрано реагираше Алкарас, кој во Монте Карло ќе се обиде да ја одбрани титулата освоена минатата сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести