Алкарас во издание како никогаш досега: Цел гнев го исфрли врз рекетот, а пота откри дека тоа му е најлошиот меч во кариерата (Видео)

Карлос Алкарас претрпе шокантен пораз во второто коло од Мастерс турнирот во Синсинати, откако со 2:1 во сетови загуби од Гаел Монфилс. Поразот на Алкарас е уште поневеројатен затоа што младиот Шпанец го доби првиот сет, но искусниот 37-годишен Монфилс не се предаде.

Французинот израмни на 1:1 откако го доби вториот сет во тајбрејк, а потоа во третиот сет успеа да направи брејк за водство од 3:1 во гемови и потоа рутински ја задржа предноста и го доби сетот со 6:4, за изненадувачка победа.

Токми кога Алкарас го загуби својот сервис во третиот сет, младиот Шпанец збесна. Знаејќи дека по тој кикс е многу блиску до пораз, Алкарас целиот свој гнев го насочи кон рекетот со кој играше. Младиот Шпанец почна неконтролирано да го удира рекетот во земја, а дури откако го уништи рекетот, реши повторно да се фокусира на играта.

„Ова е најлошиот меч кој го имам одиграно во кариерата“, категоричен беше Алкарас веднаш по поразот од Монфилс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести