Алкарас во проблем пред мастерсот во Монте Карло, се пожали на болка во раката

Пред почетокот на мастерсот во Монте Карло, шпанскиот тенисер Карлос Алкарас има здравствени проблеми. Според последните информации, Алкарас почувствувал болка во десната подлактица, па морал дури и тренингот да го прекине.

Младиот Шпанец морал да ја бандажира раката на болното место. Алкарас во Монте Карло нема да брани ниту еден поен, затоа што минатата година не настапи на овој турнир.

Тој ја има улогата на трет носител, па со евентуален триумф има шанса дури да стигне и до првото место на АТП листата. Алкарас е слободен во првото коло, а потоа за ривал го има Феликс Оже-Алијасим или некој од квалификантите.

https://twitter.com/i/status/1775615426703003816

Против Нова Ѓоковиќ може да се најде на теренот во полуфиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести