Алкарас во третиот меч го загуби првиот сет на Вимблдон, но се пласира во осминафиналето

Првиот носител на Вимблдон, Карлос Алкарас, обезбеди пласман во осминафиналето на најпрестижниот тениски турнир откако по голема борба го совлада 28-от тенисер на АТП ранг-листата, Николас Жари од Чиле.

Алкарас за неполни четири часа игра со 6:3;6:7,6:3,7:5 беше подобар од Жари. Шпанецот денеска го загуби првиот сет на Вимблдон и тоа во тај-брејк.
Младиот Шпанец кој е прв на АТП ранг-листата, најслаби резултати има токму на трева, но засега игра одлично на Вимблдон.

Четири сета играше и Данил Медведев и тоа против Унгарецот Мартон Фучович. На крајот Русинот славеше со 4:6,6:3,6:4,6:4.

Сигурен настап имаше Стефанос Циципас, кој по маратонот во пет меча со Енди Мареј, сега во третото коло славеше во три сета и тоа со 6:4,7:6,6:4 против Ласло Ѓере од Србија.

- Оглас -

Најнови вести