Карлос Алкарас без мака дојде до осминафинале на Австралијан опен, во третото коло водеше со 6-1, 6-1, 1-0 против Кинезот Шанг, кога младиот Шанг се предаде поради повреда.
Шпанецот првпат во својата АТП кариера играше против ривал кој е помлад од него, и му одржа лекција. Следен противник на Алкарас во Мелбурн е Миомир Кецмановиќ, Србинот кој на спектакуларен начин се проби до четвртото коло.
Кецмановиќ спаси две меч-топки во тај-брејкот од четвртиот сет против ланскиот полуфиналист Томи Пол, а потоа успеа да направи пресврт и да слави во пет сета.
Најпријатно изненадување на турнирот е 108-миот на АТП листата, Французинот Артур Казо, кој игра со вајлд-карта, а стигна до осминафинале. Казо ги елиминираше Ѓере, Руне, Грикспор, а сега оди на мегдан против деветтиот носител Хуркач. Инаку, 30 години се немаше случено некој играч со вајлд-карта кој не е Австралиец, да стигне до четврто коло на Австралијан опен.