Бранителот на трофејот, Карлос Алкарас, обезбеди пласман во осминафиналето на Отвореното првенство на САД, иако го загуби првиот сет досега.
Првиот светски рекет по три часа и 12 минути игра, со 6:2,6:3,4:6,6:3 го совлада Даниел Еванс од Обединетото Кралство.
Алкарас мечот го започна со два брејка по ред со кои поведе со 3:0 и рутински го освои првиот сет со 6:2. Во вториот сет, првиот удар го зададе Еванс кој прв направи брејк, но Шпанецот трипати го одзеде сервисот на противникот за 6:3 и водство од 2-0 во сетови. Третиот сет го одлучи еден брејк и него го направи Еванс во седмиот гем по кој поведе со 3:4 и потоа со сигурен сервис ја зачува предноста и намали на 2-1 во сетови.
Загубата на сетот не го поремети ритамот на Алкарас, кој беше поагресивен во четвриот сет и со брејкот кој го направи во шестиот гем за водство од 4:2 си го визира пласманот во осминафиналето каде го чека дуел со Италијанецот Матео Арналди кој претходно го елиминира Камерон Нори.
Во женска конкуренција, Американката Моника Кис ја совлада Русинката Самсонова со 2-1 во сетови и тоа со 5:7,6:2,6:2 и се пласира во осминафиналето.