Алкарас беше на еден гејм од победа, а тогаш дождот вмеша прсти! (Видео)

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас, кој е прв носител на АТП 500 турнирот во Рио де Жанеиро, синоќа имаше непријатна ситуација бидејќи кога дојде на прагот на победа во првото коло, заврна дожд и мечот не можеше да се доигра.

Во моментот на прекинот, Алкарас против Бразилецот Матеус Алвес (556-ти на АТП листата) имаше водство од 6-4, 5-3, а играа 1 час и 48 минути. Алвес даде неочекувано силен отпор, а мечот ќе продолжи вечерва и би требало да има само еден или два гејма, со што Алкарас би продолжил во обидот за одбрана на титулата.

По силниот дожд, погледнете како изгледаа терените во Рио:

- Оглас -

Најнови вести