Алкарас брзаше за да го гледа Реал, а Родриго по победата брзаше дома да гледа еден друг тим

Тенисерот Карлос Алкарас водеше против Лука Нарди со 6-1 и 4-1, но потоа му се искомплицираа работите, па победникот беше решен во третиот сет. По победата, Алкарас веднаш пристигна во прес центарот, што не е вообичаена практика, но на Шпанецот му се брзаше да го гледа својот омилен клуб Реал Мадрид, кој играше против Манчестер сити во Лигата на шампионите.

„Да, сакам да го гледам Реал. Тоа не е главната причина што дојдов веднаш, но е една од нив“, рече Карлитос.

Еден од играчите кои ги гледаше и му приредија задоволство беше Бразилецот Родриго, а пак Родриго не славеше долго во соблекувалната на Реал затоа што брзаше дома да гледа фудбалски меч кој се играше во неговата земја.

„Морам брзо да си одам дома. Нејмар и Сантос играат натпревар кој започнува наскоро“, им рече Родриго за новинарите во Мадрид.

Сантос синоќа на домашен терен играше против Нороесте во бразилската Паулиста лига и успеа да победи со 3-0. Нејмар немаше ни гол ни асистенција.

Родриго порасна во Сантос и не е ни чудо што ги следи натпреварите на неговиот поранешен клуб. Сантос му го продаде Родриго на Реал Мадрид во летото 2019 година за 45 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести