Алкараз еден час се мачеше, но не дозволи да загуби сет против 560-тиот на АТП листата

Карлос Алкараз тешко го скрши отпорот на Кинезот Јибинг Ву кој е 560-ти на АТП листата во моментов, а на крај Шпанецот славеше со 7-6, 6-3 за пласман во осминафиналето на Мастерсот во Шангај.

Во осминафиналето, Алкараз кој е втор носител, ќе игра со Французин, а уште не се знае дали тоа ќе биде Монфис или Умбер.

Алкараз има низа од 11 победи по ред, а денеска се мачеше во првиот сет кој траеше повеќе од еден час, не успеа да направи ниту еден брејк, во тајбрејкот губеше со 1-3 и 4-5, но на крајот не дозволи да го загуби сетот и си го отвори патот до победата.

Организаторите на турнирот имаат проблеми со дождот, па се игра само на затворениот терен, и многу мечеви се презакажани за утре. Меѓу нив е и оној на Вавринка и Коболи, кои се следни потенцијални ривали на Новак Ѓоковиќ. Ова значи дека Новак ќе игра дури во вторник, а ако победи, потоа ќе има згусната програма со секојдневни мечеви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести