Алкараз го загуби првиот сет, а потоа заигра шампионски и направи шоу (Видео)

Вториот тенисер на АТП листата, Карлос Алкараз победнички стартуваше на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Младиот Шпанец го победи Матео Арналди од Италија со 2:1 во сетови.

Алкараз беше голем фаворит, но Арналди одлично го започна мечот и го доби првиот сет и тоа во тај-брејк со 7:6. Тоа како да беше знак дека Алкараз треба да се „разбуди“, па Шпанецот кој е бранител на тронот во Индијан Велс направи шоу.

Во вториот сет беше 6:0 за фаворитот, а во третиот беше 6:1 за Алкараз, кој продолжува во второто коло на турнирот во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести