Алкараз: Ѓоковиќ и во ваква состојба е фаворит на Вимблдон

Карлос Алкараз на шпанските новинари пред учеството на Вимблдон им изјави дека во разговор со Новак Ѓоковиќ, му рекол дека е супер човек.

„Разговарав со него, му кажав дека е супер човек. Знаеме колку е професионален, колку се грижи за своето тело. Дури и во ваква состојба, по операцијата и во фаза на опоравување, Новак секогаш е на врвот на листата на фаворити“, рече Алкараз, кој ја брани титулата на Вимблдон од лани, кога во финалето го совлада Ѓоковиќ.

Новак во кариерата седум пати го освојувал Вимблдон, последен пат во 2022 година, а играше во секое финале на овој турнир од 2018 година до 2023.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објасни зошто решил да не се повлече од Вимблдон.

„Алкараз рекол дека сум супермен? Не, Тејлор Фриц е, тој за една недела се опоравил од истата операција која ја имав јас и тоа ми влеа надеж дека и јас ќе можам да играм. Не сакав да го пропуштам турнирот кога сè уште можам да играм, кога сум активен и на ова ниво. Не би го рекол дека имав страв од пропуштање на Вимблдон, туку имам неодолива желба да играм и да се натпреварувам. Самата помисла за прескокнување ми изгледаше погрешна. Не дојдов овде да одиграм неколку кола и да им покажам на сите, вклучително и на мене, дека можам да одиграм еден или два натпревари. Сакам да се борам за титулата. Немаше проблеми во закрепнувањето, коленото е добро. Да се ​​случеше макар и еден, ќе се запрашав дали да учествувам или не. Но, вака, зошто да не си дадам шанса?“, објасни Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести