7587 Медведев – Алкарас (14.00 часот)
Шпанецот, кој е бранител на титулата на Вимблдон, според квотите за конечен тип, е многу голем фаворит во ова полуфинале. Но, Алкарас на некои мечеви на патот до полуфиналето покажуваше и некои слабости, често губеше сетови и нема да има лесна задача против Медведев, кој и лани играше полуфинале на лондонската трева и загуби токму од Алкарас со 0-3 во сетови. Медведев во четвртфиналето го елиминира првиот носител Синер, искусен е, и сигурно нема да биде лесен залак за Шпанецот. Последниот меѓусебен дуел го имаа во Индијан Велс, Шпанецот победи со 7-6, 6-1.
Предлог тип: >39.50 гејмови (1.92)
2501 Сарпсборг – Розенборг (19.00 часот)
Сарпсборг е претпоследен на табелата во норвешката лига, со 13 бода од 13 кола, и е тим кој има само едно реми сезонава, на сите други мечеви имаше победник. Розенборг е осми, игра променливо, но вечерва е фаворит. И тие ретко играат нерешено, имаат две ремија во 13 меча. Последната победа на Сарпсборг дома беше на 5 мај, а Розенборг лигашка победа како гостин нема уште од 21 април. На нивните последни пет меѓусебни меча секогаш беше „гол-гол“.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)
5601 Ал-Ахли – Пирамидс (20.00 часот)
Вистинска реткост е да начекате квота од 2.00 за победа на Ал-Ахли, и тоа кога игра дома во меч од египетското првенство, но денеска таков е случајот и кецот не смее да се пропушти. Коефициентот за триумф на Ал-Ахли е голем затоа што Пирамидс е лидер на табелата и има само еден пораз на 27 меча. Тие му бегаат со 11 бода на Ал-Ахли, но гигантот од Каиро има одиграно и четири меча помалку. Ал-Ахли има дадено 54 гола на 23 меча и убедливо е најефикасен. Пирамидс има цврста одбрана, само 17 примени гола на 27 меча.
Предлог тип: 1 (2.12)
1275 Бохемијанс – Слајго роверс (20.45 часот)
Слајго е во добра форма, има две победи по ред и четири победи во последните шест кола. Со победа над Бохемијанс, кој е во криза, гостите би се вмешале во битка за излез во Европа. Боемите засега не се загрозени од испаѓање, но веќе пет кола по ред не знаат за победа. Бохемијанс има пет бода помалку од Слајго роверс и со победа би фатил приклучок кон средината на табелата. Последните четири меѓусебни дуели им беа со 3+ голови.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.83)
6783 Франција ж. – Шведска ж. (21.10 часот)
Французинките со победа, а најверојатно и реми, во ова дерби од квалификациите за ЕП би обезбедиле место на Европското првенство за жени. Франција ја победи Шведска со 1-0 кога овие селекции се сретнаа во април во Шведска, но Франција славеше и во Англија, па потоа загуби дома од Англичанките, што покажува дека домашниот терен и не е некоја преголема предност. Швеѓанките имаат примено само два гола во четири кола во овој циклус.
Предлог тип: 1 & 2-3 (3.45)