Шпанецот Карлос Алкарас е прв финалист на Отвореното првенство на Кина кое се игра во Пекинг откако во полуфиналето го победи Данил Медведев со 7-5, 6-3. Во второто полуфинале ќе играат Јаник Синер и Јунчаокете Бу.
За Алкарас ова беше седма победа годинава против тенисерите кои се во топ 5 на АТП-листата. Победата на овој турнир во Пекинг носи 500 поени, а Алкарас уште пред овој меч си го обезбеди второто место на АТП-листата на најновото рангирање.
Инаку, Карлос и Данил одиграа еден долг поен кој ја воодушеви публиката. Погледнете ја феноменалната размена на удари:
We see it but we DON’T BELIEVE IT! 🤯@carlosalcaraz | @ChinaOpen | #ChinaOpen pic.twitter.com/fPtZsVFAjt
— ATP Tour (@atptour) October 1, 2024