Алкараз испадна во Монте Карло, но ќе конкурира за најубав поен на турнирот (Видео)

Шпанската сензација Карлос Алкараз испадна на АТП-турнирот во Монте Карло по дива битка од 3 часа против Себастијан Корда во меч со прекрасни потези.

Еден од нив што го изведе 18-годишниот Шпанец ќе конкурира за најубав поен на турнирот.

Иако беше притиснат речиси до трибината зад него по прецизните удари на Корда, Алкараз од тешка позиција одигра фантастичен лоб удар, што го прескокна 196 сантиметри високиот Американец и падна во поле веднаш зад него.

https://twitter.com/atptour/status/1514198538602913792?s=20&t=qit9U9duhYZQz8S_YXHWzQ

Корда сепак на крајот се радуваше на победа од 2:1, по сетови 7:6, 6:7, 6:3, и ќе игра осминафинале во Монте Карло против десеттиот носител Тејлор Фриц, кој го елиминира Марин Чилиќ со идентична победа од 2:1 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести