АТП Мастерсот во Индијан Велс ќе биде во фокусот на тениското внимание во следните 10-тина дена, а на мегдан ќе биде светската елита. Новак Ѓоковиќ, кој петпати го освојувал овој турнир, се враќа на Индијан Велс по пауза од четири години и секако е прв фаворит за трофејот.
Најголеми ривали на Србинот ќе бидат младите тенисери кои се обидуваат да стават крај на доминацијата на Новак. Карлос Алкарас е еден од оние тенисери од кои се очекува во следниот период да биде со многу успеси. Шпанецот вели дека како што поминува времето, така расте самодовербата.
„Ако се прашува младата генерација во која сме јас, Јанис Синер, Холгер Руне, веќе го имаме победувано Ѓоковиќ и мислам дека полека, во позитивна смисла го губиме стравопочитувањето кое го имавме кон него во големите натпревари“, вели Алкарас.
Кога се работи за меѓусебните дуели, Ѓоковиќ има три победи и два порази против Алкарас, а Србинот со ист биланс е и кога се работи за дуелите со Руне. Против Синер има играно седумпати и Новак се радувал четирипати, а трипати загубил. Тоа значи дека против сите тројца од младата генерација тенисери, Ѓоковиќ има позитивен биланс иако Србинот има 36 години, а сите тројца ривали се помлади по 15-тина години.