23.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Алкарас лесно го елиминира тенисерот кој има над 600 победи

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас на доминантен начин се пласира во второто коло на Отвореното првенство на Австралија откако убедливо со 3:0 во сетови го победи Ришар Гаске.

Алкарас е главен фаворит да го симне Новак Ѓоковиќ од тронот во Мелбурн, а денеска помина малку повеќе од два часа и со 7:6, 6:1, 6:2 беше подобар од искусниот 37-годишен Гаске, кој е само еден од четворицата активни играчи коишто имаат над 600 победи во кариерата. Интересно е дека Алкарас во финишот се намачи за последниот поен и ја искористи дури петата меч-топка.

Првото коло без проблеми го поминаа и останатите фаворити Руд, Димитров, Руне, Зверев… Од утре продолжуваат дуелите од второто коло.

- Оглас -

Најнови вести