Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал може да здивнат, младиот Карлос Алкараз, од кого двајцата најтрофејни тенисери загубија во Мадрид, реши да не игра на Мастерсот во Рим.
Алкараз сака да одмори и целосно да се фокусира на настапот на парискиот гренслем, „Ролан Гарос“. Турнирот во Рим е последен пред Отвореното првенство на Франција и ќе биде генерална проба за тенисерите да видат во каква форма се.
Алкараз има четири освоени турнири годинава, оној во Мадрид е најзначаен и му помогна да собере многу поени, па на денешната објавена нова АТП-листа, Шпанецот е шести.