Алкараз супериорен, а по мечот упати порака за која сите веруваат дека е за Новак Ѓоковиќ

Актуелниот бранител на тронот на Мастерсот во Индијан Велс, Шпанецот Карлос Алкараз на убедлив начин се пласираше во следното коло откако со 6:2 и 6:2 во меч кој траеше само еден час и 18 минути го победи Феликс Ожер-Алијасим од Канада.

По завршување на мечот, Алкарас на ТВ камерата упати порака на која пишуваше „Н се гледаме наскоро“. Многумина тоа „Н“ го сфатија како порака за Новак Ѓоковиќ и дека Шпанецот очекува скора средба против Србинот на теренот.

На Индијан Велс се случи првото изненадување откако Андреј Рублев загуби од Јири Лешечка од Чешка со 4:6, 4:6. Останатите фаворити немаа проблеми и продолжуваат во следната фаза. Зверев го победи Грекспур со 7:6, 6:3, Шелтон славеше над Церундло со 7:6, 3:6, 7:6, а Синер беше подобар од Штруф со 6:3, 6:4.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести