Алкараз утре игра за историја – Никој едноподруго не ги победил Надал и Ѓоковиќ на земја

Шпанската тениска сензација, Карлос Алкараз утре од 16 часот во Мадрид ќе игра за историја и ако успее да го победи Новак Ѓоковиќ ќе има уникатен подвиг.

Алкараз денска го победи Рафал Надал во четвртфиналето во Мадрид со 2:1 во сетови, а досега ниту еден тенисер не успеал во два меча по ред на земјена подлога да ги надигра Рафа и Новак.

Досега таква шанса имале само четири тенисери, а еден-два победа против Надал и Ѓоковиќ на земја, без разлика на распоредот на мечевите не им успеало дури четирипати на Доминик Тим, двапати на Роџер Федерер и по еднаш на Енди Мари и на Стефанос Циципас.

Победи на ист турнир против двата великани на светскиот тенис имаат само Давид Налбандијан во 2007 година, Давиденко во 2009, Федерер во 2010 и Медведев во 2020 година.

Алкараз и Ѓоковиќ за првпат ќе играат меѓусебе, а полуфиналето во Мадрид е закажано за 16 часот утре.

Во второто полуфинале ќе игра Стефанос Циципас по победата против Андреј Рубљев со 2:1, против победникот на дуелот Оже-Алијасим и Зверев што ќе се игра доцна вечерва

 

- Оглас -

Најнови вести