Третиот носител на САД опен, Карлос Алкараз, успешно стартуваше на послелдниот гренслем турнир годинава, но загуби еден сет против кинескиот Австралиец Ли Ту, кој е 186-ти на АТП листата.
За Алкараз ова е 60-та победа на гренслемите, а одиграл 70 меча. Само Џон Мекинро побрзо од него стигнал до 60 триумфи на големите турнири. Алкараз го освои САД опен во 2022 година, а за да го мине првото коло му требаа два часа и 42 минути.
Рано утрово се одигра и еден меч кој влезе во историјата на САД опен. Даниел Еванс и Карен Хачанов водеа битка која траеше 5 часа и 35 минути, со што ова е најдолг натпревар во историјата на Отвореното првенство на САД. Во првите три сета се играше тај-брејк, Британецот доби два од тие три сета, потоа Русинот доби сет со 7-5 за 2-2, а во петтиот сет кој бепше најкраток, Еванс беше подобар со 6-4.
Досега најдолг меч на САД опен беше она полуфинале од пред 32 години помеѓу легендите Стефан Едберг и Мајкл Чанг, кој траеше 5 часа и 26 минути.