26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Алкасер ја води Борусија во невозможна мисија против Тотенхем

Пако Алкасер ќе го предводи нападот на Борусија Дортмунд на „Вестфален“ вечерва од 21 часот во обидот да се приреди подвиг и да се анулира негативата од 0-3 против Тотенхем во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Алкасер игра во одлична форма и со 13 голови е трет стрелец во Бундеслигата, а вечерва тој ќе биде првата опција на „милионерите“ за голови, кои значат опстанок во елитното натпревраување во Лигата на шампионите.

Во Мадрид, Реал ќе почне против Ајакс со предност од 2-1, но и ќе игра без суспендираниот капитен Серхио Рамос.

Еве ги составите на тимовите за двата реванш-дуели вечерва во ЛШ:

Борусија Дортмунд – Тотенхем, 21 часот

Борусија: 4-1-4-1 (Бурки – Дијало, Вејгл, Аканџи, Волф – Вицел – Гвереиро, Геце, Ројс, Санчо – Алакасер)

Тотенхем: 5-3-2 (Љорис – Орие, Алдервејрелд, Санчес, Вертонген, Дејвис – Винкс, Ериксен, Сисоко – Сон, Кејн)

 

Реал Мадрид – Ајакс 21 часот

Реал Мадрид: 4-3-3 (Куртоа – Карвахал, Начо, Варан, Регулион – Крос, Каземиро, Модриќ – Лукас, Бензема, Винисиус)

Ајакс: 4-3-3 (Онана – Талјафико, Блинд, Де Лихт, Мазрауи – Де Јонг, Шене, Ван де Бек – Нерес, Тадиќ, Зијеч)

- Оглас -

Најнови вести