Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, на своите играчи им порачал дека ќе бара посветеност и работа на теренот.
„Оние кои не трчаат и не даваат сè од себе на теренот, нема да играат. Имињата не се важни. Не можете само да стоите таму и да чекате топката сама да влезе во голот. Мора да се борите за секоја топка“, рекол Алонсо.
Првиот натпревар на мадридскиот тим под негово водство ќе се одржи на 18 јуни против саудиски Ал-Хилал во рамките на Светското клупско првенство.