Вернер го нокаутира Кралот откако ВАР покажа дека Реал сè уште е само во нокдаун (Видео)

Тимо Вернер во 75-тата минута го нокаутира Реал Мадрид и со трет гол за Челзи во реваншот од четвртфиналето и на сензационален начин најави пласман на европскиот првак во полуфиналето, иако по првиот меч имаше негатива од 1:3.

Вернер му донесе предност на Челзи од 3:0, а претходно стрелци беа и Маунт и Ридигер.

Маркос Алонсо претходно постигна и трет гол за Челзи против Реал Мадрид, но беше поништен поради игра со рака во 61-вата минута.

Поранешниот играч на Реал постигна убав гол, но правилно беше поништен откако претходно топката му се одби од десната рака.

Моментот од 61-вата минута можете да го погледнете ОВДЕ.

Челзи води со 3:0  на „Сантијаго Бернабеу“ во реваншот од четвртфиналето и во Мадрид има вистинска драма бидејќи во 75-тата минута вкупниот резултат е 4:3 за клубот од Лондон.

- Оглас -

Најнови вести