Баер Леверкузен првпат во својата историја го освои трофејот во Бундеслигата, а тренерот Чаби Алонсо и раководството на клубот веќе размислуваат како ќе изгледа екипата за следната сезона.
Фармацевтите се во игра за трофеите и во Купот на Германија и во Лигата на Европа, а веќе за следната сезона веќе се планира да се задржат носителите на играта од оваа, но и да се донесат нови играчи кои ќе бидат освежување, но и засилување.
Едно од тие засилувања требаше да биде фудбалерот на Фенербахче, Исмаил Јуксек, кој може да игра како централен и последен играч за врска, но и како централен дефанзивец, а поради неговата универзална позиција беше идеален за Баер Леверкузен.
Чаби Алонсо испратил скаути да го следат на дерби-дуелот против Бешикташ, но турскиот фудбалер заработил посвреда во 19-тата минута и на носилки морал да биде изнесен од теренот. Според првичните информации, 25-годишниот фудбалер има скинати лигаменти и тешко дека ќе се врати на фудбалските терени оваа календарска година.