Реал Мадрид денеска и официјало го промовира Чаби Алонсо за нов тренер. Шпанскиот стратег потпиша договор кој ќе го обврзе да остане на клупата на кралскиот клуб до јуни 2028 година.
Реал не е непознат клуб за Алонсо затоа што како играч помина пет години таму, и тоа во период од 2009 до 2014 година. Како фудбалер имаше успеси со шпанскиот гигант, а сега тоа се очекува да го направи и како предводник од клупата.
„Дефинитивно ова е многу возбудлив ден за мене. Ден што ќе го паметам бидејќи само еднаш во животот имате можност да го тренирате Реал Мадрид, а денес е тој ден за мене. Се чувствував многу добро. Немам притисок затоа што доаѓам на местото на еден тренер каков што е Карло Анчелоти, затоа што очекувањата во Реал Мадрид секогаш се екстремно високи и мора да го прифатите предизвикот. Сигурен сум дека ја имаме потребната енергија и затоа сум тука“, рече Алонсо.
Новиот тренер на Реал додаде дека секако ќе недоставува играч каков што беше Лука Модриќ, но и дека ќе најде начин за одлично да ги вклопи Килијан Мбапе и Винисиус јуниор.
Првиот предизвик за Алонсо ќе биде Светското клупско првенство кое ќе започне за помалку од еден месец.