Сè поизвесно е дека Чаби Алонсо ќе биде наследникот на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул, а Шпанецот не мисли сам да оди во Премиер лигата.
Иако има договор со Баер Леверкузен до 2026 година, во него има клаузула според која може да си замине ако го побараат клубовите во кои настапувал како играч, Реал Мадрид, Баерн Минхен и Ливерпул, и англискиот тим планира да го искористи тоа и да го донесе на „Енфилд“.
Но, Чаби Алонсо не планира сам да оди во Премиер лигата и ќе инсистира од челниците на Ливерпул во летниот преоден рок да го купат најдобриот играч на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц.
Вирц сезонава досега одигра 28 меча во сите натпреварувања и постигна осум гола, а има и 15 асистенции. Баер за продажба на 20-годишниот Вирц, кој се смета за еден од најталентираните фудбалери на светот, бара најмалку 80 милиони евра, а сумата може да се зголеми и до 100 милиони евра.