Алонсо верува во освојувањето на титулата во Ф1

Фернандо Алонсо, возачот на Астон Мартин, е оптимист дека неговата екипа може да ја освои шампионската титула во Формула 1 шампионатот, и тоа пред да се приклучи новиот партнер Хонда во 2026 година. Според најавите, Хонда од 2026 година ќе биде добавувач на мотори за екипата на Астон Мартин.

Алонсо, кој е двократен светски Ф1 првак од 2005 и 2006 година вели дека неговиот клуб има големи амбиции.

„Посебно шансите ќе ни се зголемат во 2026 година, кога ќе дојдат новите правила. Секогаш е подобро ако можете да развиете своја погонска единица заедно со шасијата. Сепак, тоа не значи дека до 2026 година екипата на Астон Мартин нема да има шанса да ја освои титулата“, вели Алонсо, кој на почетокот на 2026 година ќе има 44 години.

Алонсо сезонава вози одлично и моментално е на третото место во генералниот пласман со 75 бода, а пред него е само двоецот на Ред Бул, Макс Ферстапен со 119 бода и Серхио Перес со 105 поени.

Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози в недела, за Големата награда на Монако, а утре се квалификациите.

- Оглас -

Најнови вести