Алушовски пред Елверум: Не смееме да го потцениме противникот

Вардар се подготвува за четвриот меч во февруари од Лигата на шампионите, а утре во Скопје гостува седмопласираната екипа на Елверум во групата А.

По три нанижани порази од Пик Сегед во два наврати и Порто, тренерот Стевче Алушовски се надева на позитивен одговор од страна на своите ракометари, а воедно да се оправда фаворитската улога.

„Не очекува една пеколна недела во која ќе треба да одиграме четири натпревари во седум дена, од кои два се во Лигата на шампионите. Жалам што во дуелите против Сегед не освоиме повеќе бодови, но тоа сега не можеме да го смениме. Нашата концентрација е насочена само кон следниот натпревар, во овој случај против Елверум. Елверум воопшто не е наивна екипа и во ниту еден случај не смееме да ја потцениме. Имаат квалитетна одбрана која доста се потпира на контакт. Јас се надевам дека ќе најдеме начин како да ја разбиеме таа одбрана и да го подобриме впечатокот по два несреќни порази“, истакна Алушовски.

Дуелот ќе се игра стандардно во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 16 часот.

- Оглас -

Најнови вести