Стевче Алушовски е шеф на стручниот штаб на ракометниот клуб Еурофарм Работник, информираа од битолскиот клуб.
Со Алушовски на клупата, во Еурофарм Работник веруваат дека ќе ги реализираат зацртаните цели, а тоа се пласман во СЕХА-лигата за наредната сезона, финале во Купот на Македонија и достојно претставување во преостанатите натпревари од групната фаза на Купот на ЕХФ.
„Го изразуваме нашето огромно задоволство што битолската ракометна легенда седнува на тренерското столче на нашиот клуб. Убедени сме дека неговото знаење, искуство, професионалност и посветеност на работата ќе придонесат за остварување на нашите цели и прогресот на нашиот клуб“, велат од клубот.