Алушовски: Вардар секогаш е фаворит за пехарот во купот

Вардар и Металург ќе играат меѓу себе во полуфиналното дерби во Купот на Македонија утре од 16.30 часот, во салата во Автокоманда, а второто полуфинале исто така ќе биде интересно меѓу Еурофарм Пелистер и Бутел.

Лани поради пандемијата со ковид-19, завршен турнир немаше, па ова ќе биде 28-мо издание. Вардар е најтрофејната екипа со 13 титули досега.

„Во Купот сите екипи се фаворити. Сите се надеваат дека може да победат. Тоа се два посебни натпревари, две посебни приказни, два сосема поинакви дуели.

Секој ја гледа својата шанса тука. Ова се четирите најквалитетни тимови и секој доаѓа со свој есап. Нема аутсајдери. Вардар никогаш не бегал од улогата што ја имал и секогаш се стреми да биде победник.

Во ситуација кога нема публика на трибините, речиси е сеедно каде се игра. Треба да покажеме дека во моментов нашата форма е најдобра и овој месец да го завршиме планираното. Тренираме вредно, секојдневно. На овие дуели од Купот единствено ќе ни недостасува Анте Гаџа, кој има повреда на раката и имаше операција. Сите други се максимално подготвени за полуфиналниот дуел со Металург. Тоа е дерби кое секогаш е интересно. Очекувам натпревари со висок интензитет и очекувам, се разбира, да бидеме победници“, вели Стевчо Алушовски, тренерот на Вардар.

Финалето ќе се игра во сабота, на 15 мај.

 

- Оглас -

Најнови вести