Алушовски: Задоволен сум бидејќи остваривме три од четирите поставени цели

По победата и во реваншот против Металопластика, Вардар 1961 обезбеди четвртфинале во СЕХА-лигата, каде што ќе се сретне со ППД Загреб. Денес Црвено-црните наидоа на проблеми на стартот од дуелот и губеа со високи 1-7 во ситуација кога Стевче Алушовски им даде шанса на играчите со помала минутажа, но мораше да менува со цел да не се случи изненадување.

Според Алушовски, сезоната на Вардар е успешна по остварување на три од четирите поставени цели, како освојување на титулата во Суперлигата и Купот на Македонија, а сега и пласманот во топ 8 фазата од регионалното натпреварување.

„Честитки до момците за залагањето и борбеноста и, пред сè, за прикажаната игра. Нормално дека е тешко во крајот на сезоната, некои од нив со мислите се во новите средини или пак дома. Како и да е, јас сум задоволен од целата сезона бидејќи остваривме три од четирите поставени цели. Пробавме да им дадеме прилика на играчите со помала минутажа, но се виде дека така не оди, па мораше да ги внесеме во игра нашите главни адути и да се спасуваме со цел да ја завршиме сезоната со победа“ истакна Алушовски.

- Оглас -

Најнови вести