23.8 C
Skopje
четврток, 25 септември 2025

Алварес со хет-трик донесе победа со пресврт за Атлетико Мадрид (Видео)

Хулијан Алварес е херојот на Атлетико Мадрид во тешката победа од 3-2 над Рајо Ваљекано во шесттото коло од Ла Лига.

Аргентинецот најпрво погоди во 15-тата минута за водство на „јорганџиите“ од 1-0.

Сепак, гостите од предградието на Мадрид израмнија со фантастичниот гол на Чаверија од преку 30 метри во првата минута од продолжувањето на првиот дел. Во 78-мата минута вистински студен туш на „Метрополитано“. Алваро Гарсија донесе водство од 1-2 за Рајо Ваљекано, но тогаш на сцена повторно стапи Хулијан Алварес.

Аргентинецот во 80-тата минута успеа да израмни на 2-2, а во 88-мата минута и да ги постави конечните 3-2 за Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести