Алвес останува во Шпанија, се сели на 45 минути лет од Барселона?

Бразилецот Даниел Алвес вчера беше „шутнат“ од Барселона, а веќе денеска има најави дека за него стигнала понуда од Мајорка и овој клуб е можна идна дестинација на ветеранот.

Алвес одигра 14 меча за Барса откако им се приклучи во јануари за да им помогне во тешките моменти. Но, уште кога не го пријавија за настап во Лигата на Европа, се насетуваше дека не сметаат на него ни за следната сезона, што се покажа како точно.

Мајорка, која е на 45 минути авионски лет од Барселона, опстана во шпанската Примера дивизија и би била клубот во кој Алвес би имал добра минутажа. Главна цел на трофејниот фудбалер е да биде во форма и да се најде на списокот на селекторот Тите за Мундијалот во Катар.

- Оглас -

Најнови вести