0.8 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Алжир и Нигерија „играа“ и трето полувреме и тоа во режија на синот на легендарниот Зидан (Видео)

Нигерија со 2-0 го доби четвртфиналниот дуел против Алжир на Африканскиот куп на нации, но овој меч имал и трето полувреме. Хаотични сцени беа забележани по завршувањето на мечот, откако фудбалерите на Нигерија тргнаа да ја слават победата, а голманот на Алжир и син на легендарниот Зинедин Зидан, Лука, најпрво тргна вербално, а потоа и физички да се пресметува со противничките фудбалери.

На теренот настана хаос, па дури и на редарската служба ѝ беше тешко да се справи со ситуацијата и да ги смири страстите. Тому Лука Зидан е еден од најголемите, ако не и најголемиот виновник за елиминацијата на Алжир, со оглед дека на првиот гол направи кикс и лоша го процени центаршутот после кој Осимен постигна гол за водство.

- Оглас -

Најнови вести