Националните тимови на Алжир и Сенегал ги освоија првите две места во групата Ц од Африканскиот куп на нации и одат во осминафиналето откако вечерва со по едно ефикасно полувреме ги надиграа и ги победија своите ривали со 3-0.
Слимани и Унас беа расположените во периодот од 34-тата до 45-тата минута, па даваа голови и си асистираа еден на друг за водство од 3-0 над Танзанија. Потоа во вториот дел Алжир си ги чуваше силите и не му нанесе потежок пораз на немоќниот противник. Танзанија, која за првпат по 1980 година беше учесник на Африканското првенство, испадна и сфати дека треба уште доста да работи за да биде порамноправна со најдобрите селекции на Црниот Континент. Алжир во трите кола собра 9 бода и има гол-разлика 6-0. Претходниот пат кога оваа селекција беше прва во групната фаза, во 1990 година, успеа и да стане африкански првак.
Сенегал ја победи Кенија со 3-0, сите голови паднаа во второто полувреме, а со истиот резултат завршија и претходните две соочувања (во 1992 и 2004 година) на овие репрезентации на африканското првенство. Интересно е што Садио Мане утна пенал во првото полувреме, но доби шанса да се поправи и успеа да даде гол од пенал. Сепак, кога беше под поголем притисок, при 0-0, тој не погоди, а сега при 2-0, ослободен од притисок погоди, иако голманот на Кенија ја погоди страната на која ќе шутне ѕвездата на Ливерпул.
https://twitter.com/i/status/1145793978564038661