Алжир нѝ лежи – Разиграната Македонија урна два мундијалски рекорди

Македонија конечно одигра на ниво на реномето што го има во светскиот ракомет и го декласира Алжир со 40:25 во првиот меч од Президент купот и си урна два рекорди.

Ова е највисока победа на нашата репрезнтација на Светските првенства, а и претходната од 32:19 во 2009 година ни беше против Алжир.

Очигледно е дека популарните Пустински лисици ни лежат, а вечерва во Плоцк урнаве уште еден рекорд, според бројот на постигнати голови.

Му дадовме точно 40 на Алжир што ни е нов рекорд, а го урнавме претходниот од 2019 година кога на Јапонија и дадовме 38 во победата од 38:29.

Сега ни следи меч со Тунис на 21. јануари од 18 часот, а потоа ќе играме и со Мароко во групата за пласман од 25 до 32 место на Президент купот.

 

- Оглас -

Најнови вести