Алжирец од Вулверхемптон е најновото засилување на Манчестер сити

Репрезентативецот на Алжир, Рајан Аит-Нури, ќе биде најновото засилување за Манчестер сити. Левиот бек е роден во Франција, но настапува за земјата од која потекнува. Последните четири сезони беше дел од премиерлигашот Вулверхемптон, кој во 2021 година го купи од француски Анже за 11,1 милиони евра.

Вредноста на Алжирецот во моментов е 35 милиони евра, но Манчестер сити ќе им плати „волците“ пет милиони повеќе од оваа сума. Во сабота ќе бидат направени медицинските тестови и доколку се мине во најдобар ред, веднаш ќе следува и официјалната промоција на Аит-Нури во дресот на „граѓаните“.

- Оглас -

Најнови вести