Саид Бенрама е нов играч на Вест хем и се пресели од редовите на второлигашот Брентфорд, како позајмен фудбалер, со услов чеканите идната година да платат сума од 22 милиони фунти, или околу 25 милиони евра.
Во договорот за позајмица, но и за откуп на неговиот договор од страна на Вест хем следната година, има и вообичаени клаузули за бонуси, а од тие пари Бенрама ќе ги почести околу 100 вработени луѓе во Брентфорд.
Гестот е одличен и Алжирецот ќе израдува многу луѓе, а изјави дека му е чест што соработувал со сите нив и дека не може и не сака да заборави колку му помогнале кога пристигнал во Англија.
Бенрама беше еден од најдобрите играчи лани во популарниот Чемпионшип, а со Брентфорд играше финале за пласман во Премиерлигата, но Фулам беше подобар и се пресели во повисок ранг на натпревари.