Селекциите на Алжир и Буркина Фасо одиграа 2:2 во натпреварот од второто коло од групата Д на Африканскиот куп на нации.
Алжирците кои во Брегот на Слонова коска пристигнаа со цел да играат во завршницата, досега не покажаа дека имаат тим за големи работи и од пораз против Буркина Фасо се спасија со гол во 95-та минута и тоа на Бунеџа кој го постигна и првиот гол за својата селекција.Стрелци за Буркина Фасо беа Мохамед Конате во третата минута од судиското надополнување и Бертранд Траоре од пенал во 71. минута.
Буркина Фасо по две кола има четири бода и обезбеди пласман во осминафиналето, додека Алжир има два бода и во последното коло ќе мора да ја победи Мавританија доколку сака да игра во нокаут фазата.