Алжирците застанаа во одбрана на боксерката која е родена како маж и од нејзе очекуваат да освои медал на ЛОИ

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) дозволи Иман Келиф да се натпреварува во женска конкуренција во бокс на Игрите во Париз и со тоа направи голема белја. Фелиф минатата година беше суспендирана од страна на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБФ) откако беше потврдено дека има зголемен брј на тестостерон, кој е над дозволената граница за жени.

Во осминафиналето на турнирот во Париз, Келиф боксуваше против Италијанската Анџела Карини, а мечот траеше само 46 секунди. Карини ја предаде борбата откако претрпела удари толку силни што никогаш не ги добила во лицето.

Многу критики стигнаа поради одлуката роден маж кој подоцна се „трансформирал“ во жена, да му биде дозволено да боксува во женска конкуренција. Сепак, Келиф доби поддршка од една страна, а тоа е од нејзината земја Алжир, која очекува медал.

„Остро го осудуваме неетичкото таргетирање и валкање на угледот на нашата истакната спортистка. Некои странски медиуми без основа вршат пропаганда. Таквите напади врз нејзината личност и нејзиното достоинство се големо непочитување, посебно за време на Игрите кои се врв во нејзината кариера. Ќе ги преземеме сите неопходни мерки да ја заштитиме нашата шампионка“, стои во соопштението на алжирскиот олимписки комитет.

 

- Оглас -

Најнови вести