Ама му се погоди – Денеска им стана нов тренер, во недела ќе се обиде да ги победи

Ади Хутер и официјално е именуван за нов тренер на Борусија Менхенгладбах, клуб чиј кормилар ќе биде од следната сезона, а му се погоди во новата улога да дебитира токму против нив.

Успешниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт е во завршна мисија со Орлите да се обиде да ги задржи во Топ-4 во Бундеслигата за да се обезбеди настап во Лигата на шампионите, а првиот следен предизвик му е во недела, токму на гости кај новиот клуб.

Борусија ќе му биде домаќин на Ајнтрахт во меч од 29-тото коло, па Хутер, кој потпиша тригодишен договор со клубот од Менхенгладбах, ќе се обиде да најде победнички рецепт што им е неопходен на Орлите за да ја задржат четвртата позиција и евентуално и да го прескокнат Волфсбург на третото место.

Ова е интересно поклопување на работите, а и Борусија има за што да игра бидејќи со победа ќе остане во трката за позициите што водат во Лигата на Европа.

Марко Розе, кој моментно е кормилар на клубот од Менхенгладбах, се сели во Борусија Дортмунд, каде што ќе го замени Един Терзиќ исто така по завршувањето на актуелната фудбалска сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести